Светската автомобилистичка федерација (ФИА) им забрани на возачите на Формула 1 и другите натпреварувачи спонзорирани од федерацијата да даваат политички изјави.
Слично ограничување се појави во ажурираната верзија на Меѓународниот спортски кодекс.
-Отсега, на учесниците им е забрането да даваат изјави или да коментираат политички, верски или лични теми, доколку тоа е спротивно на општиот принцип на неутралност прогласен во статутот на ФИА, соопшти федерацијата.
Исклучоци ќе бидат направени само доколку промоцијата или објавата се договорени однапред со ФИА. (МИА)