петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Партија ли е, влада ли е? Владата е окупирана од партијата, од Бихакќа праќаат владини соопштенија

ФОТО: Партија ли е, влада ли е? Владата е окупирана од партијата, од Бихакќа праќаат владини соопштенија

СДС веќе не знае што е партија, а што влада. Денес на виделина исплива окупираноста на владата од партијата. Неодвојувањето на државата од партијата се покажа со денешното соопштение на СДС. Од официјален настан во Владата, партијата пушта соопштенија од самиот настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Бихакќа веќе не се знае што е партија, што е влада, и кога неспособниот Ковачевски е премиер, а кога претседател на криминалната СДС.

Стравот кај Ковачевски и СДС од избори еруптираше со целосна паника во редовите на партијата, праќаат владини соопштенија како да се партиски. Ова е доказ дека со СДС партијата и државата се едно и нема поделба на власта.

Токму заради аздисаноста на СДС, криминалот и корупцијата, владата и министерствата во владата имаат историски најслаб рејтинг за доверба од страна на граѓаните,

Ниту партиските соопштенија во име на владата, ниту лагите и удирањата во гради, нема да ги спаси од казната која им следи од народот на следните предвремени парламентарни избори, додаваат од партијата.

Најнови вести