понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РФМ ја најави ждрепката за плеј-оф и плеј-аут фазата во Суперлигата

РФМ ја најави ждрепката за плеј-оф и плеј-аут фазата во Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија ја извести јавноста дека ждрепката за одредување на натпреварувачките броеви за плеј-оф и плеј-аутот во Суперлигата ќе се одржи в четврток.

Во плеј-офот со по три бода влегуваат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, по два пренесоа Алкалоид и Пролет 62, по еден Бутел и Еурофарм Пелистер 2, додека без бодови се Охрид и Тиквеш 2014. По извлекувањето, на програмата се 14 кола (дома-гости), во кои екипите ќе собираат бодови во битката за трофејот кој го бранат вардарци, а го напаѓаат пелистерци.

Сè е исто и во плеј-аут сегментот. Струга и Голден Арт пренесоа по три бода, Прилеп и Скопје 2020 имаат по два, Куманово и Радовиш, додека на нула се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода.

Осумте екипи ќе се борат за петте места кои носат сигурен опстанок во лигата, шестопласираниот оди во баражот, додека последните две екипи се исфрлаат во Првата лига.

Ждрепката за натпреварувачките броеви со кои ќе се утврди распоредот е на програмата в четврток од 12:00 часот, а Суперлигата се враќа на програмите дури по Светското првенство.