недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Магичен број: Тајната врска меѓу сите освојувачи на „Златна копачка“ на Мундијал

Магичен број: Тајната врска меѓу сите освојувачи на „Златна копачка“ на Мундијал

Заврши 21 Светско фудбалско првенство, а со тоа доаѓа време и на сумирање на сите впечатоци.

Хари Кејн во татковината се враќа со „Златна копачка“ освојувајќи ја со постигнатите шест погодоци. Историјата укажува дека ова не е нималку случајно.

Од 1978 година речиси и да е стандардизиран бројот на погодоци кој е неопходен за по завршувањето на Мундијалот некој од фудбалерите да си замине дома како најдобар стрелец.

Трендот го постави Марио Кемпес, а ја продолжија Паоло Роси, Гери Линекер и Салаваторе Скилачи.

Деветката и шестката не само што имаат ист облик (ликот на едната е како другата свртена наопаку), туку и класичните деветки постигнуваат најчесто по шест погодоци на турнирите.

Русинот Олег Саленко и Бугаринот Христо Стоичков на Мундијалот во САД во 1994 година постигнаа ист број на погодоци, па поради тоа не беше доделена таканаречената „сребрена копачка“.

И актуелните вицешампиони имаат свој претставник, сегашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Давор Шукер во 1998 година со шест погодоци на однесе својата репрезентација до третото место.

Следува мал исклучок бидејќи Роналдо во 2002 година подтигна осум погодоци, додека на Германците Мирослав Клосе (2006) и Томас Милер (2010) доволни им беа 5 погодоци за да бидат најефикасни на турнирот.

Пред четири години Хамес Родригез постигна 6 погодоци за Колумбија.

Наградата се доделува од 1982 година.