петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гундоган останува верен на Манчестер Сити

Гундоган останува верен на Манчестер Сити

Германскиот фудбалски интернационалец Илкај Гундоган најверојатно ќе ја продолжи верноста со Манчестер Сити.

32-годишниот плејмејкер и понатаму е еден од најважните играчи на Сити, но неговиот договор со „граѓаните“ истекува на крајот на сезоната.

Финансиските детали се уште не се објавени, но Гундоган бил задоволен од понудата и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

За него интерес покажуваше и Баерн Минхен, но Германецот преферира да остане на „Етихад“.