Поранешниот селектор на репрезентациите на Англија и на Русија, Фабио Капело остро реагираше на однесувањето на аргентинскиот голман Емилијано Мартинез по финалето на Светското првенство во 2022 година.
– Што мислам за гестот на Мартинез? Идиот, го цитира Капело „Кориере дела сера“.
Мартинез ја доби наградата за најдобар голман на турнирот „Златна ракавица“. Откако играчот го зема трофејот, го стави на препоните и го затресе.
За време на прославата на победата во соблекувалната, тој повика на едноминутно молчење за напорите на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој постигна хет-трик на овој натпревар.