четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанија го промовира новиот фудбалски селектор

Шпанија го промовира новиот фудбалски селектор

Луис Де Ла Фуенте беше избран за наследник на Луис Енрике кој беше отпуштен откако Шпанија го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналната фаза.Де Ла Фуенте веднаш се соочи со проблем, а тој се вика Серхио Бускетс кој реши да се откаже од националниот тим, поточно да замине во репрезентативната пензија. Стратегот се обидел да го убеди Серхио да се предомисли, но ѕвездата на Барселона останала на првичниот став.

-Кога се обидов да го убедам тој веќе ја имаше донесено својата одлука, мора да ја почитувате. Тој беше најдобриот играч за врска некогаш виден и неговото наследство е импресивно, -вели новиот шпански селектор кој веќе знае кој ќе ја пополни таа дупка, позиција по заминувањето на ветеранот.

-Јас го гледам Родри како играч за врска, секогаш сум гледал така на него. Вистина е дека добро се снајде како централен дефанивец и на некои натпревари може да биде ставен таму, но јас секогаш барам и сакам специјализација и за мене тој е дефанзивен играч за врска. Уште од младинскиот тим на Виљареал, тој беше играч за врска, -рече Де Ла Фуенте кој не ја отфрли можноста да игра во систем со двајца вакви играчи, поточно друштво на Родри да му прават фудбалери како Мерино, Руиз, Зубаменди или Себалјос.