петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Суарез го засили Гремио

Луис Суарез го засили Гремио

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Гремио.

Откако го раскина договорот со мадридски Атлетико, Суарез во текот на летото се врати во уругвајски Национал со кога ја освои шампионската титула.

Во ноември се збогува со матичниот клуб и кариерата ќе ја продолжи во еден од најтрофејните бразилски клубови.

Суарез е единствениот фудбалер кој во ерата на Лионел Меси и Кристијан Роналдо два пати ја освоил „Златната копачка“, а во кариерата настапуваше и за Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона.