недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник

ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време Ковачевски треба да е впишан како слуга на криминалот. Оттука Ковачевски има навистина тешка работа, наутро треба да ја слуша Струмица, а навечер Зајас. Ако погреши нема да помине негов сопствен бизнис.

Тоа што ДУИ влезе во учебниците, значи дека Владата си игра играчки со образованието во Македонија. Кога станува збор за ДУИ таму нема ништо образовно, туку само криминално“ – велат од партијата.

Најнови вести