недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Блинд го напушти Ајакс

Блинд го напушти Ајакс

Фудбалерот на Ајакс и холандски репрезентативец Дејли Блинд ја раскина соработката со клубот од Амстердам. Блинд имаше договор со Ајакс до крајот на сезоната.

„Во последните неколку дена постигнавме спогодбен раскин на договорот со Блинд. Се надевам дека ќе најде друг клуб каде ќе ја заврши успешната кариера. Заедно со него ќе избереме натпревар кој ќе се игра на „Јохан Кројф Арена“, каде Блинд ќе се прости од навивачите“, изјави спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

32-годишниот Блинд од својата осумгодишна возраст е член гиганот од Амстердам. За Ајакс играше од 2014 до 2018 година, а потоа четири сезони настапуваше за Манчестер Јунајтед. Во 2018 година се врати во својот матичен клуб.