четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Детали за пожарот во Кулата Трамп, има и повредени

Противпожарната бригада на Њујорк соопшти дека има „мал пожар“ на Кулата Трамп, за кој претпоставуваат дека е предизвикан од дефект на инсталацијата.
ВИДЕО: Детали за пожарот во Кулата Трамп, има и повредени

Две лица се повредени, од кои едниот посериозно во пожарот што изби Кулата Трамп, јавија американските медиуми.

– Станува збор за мал пожар предизвикан од дефект во електричната инсталација, изјави синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерик.

Пожар изби на еден од последните катови на Кулата Трамп во Њујорк.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, а една екипа е и на кровот на кулата.

Противпожарната бригада на Њујорк соопшти дека има „мал пожар“ на Кулата Трамп, за кој претпоставуваат дека е предизвикан од дефект на инсталацијата.

Седиштето на бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е облакодер од 58 катови во центарот на Менхетн, каде се наоѓа и домот на семејството Трамп. Покрај луксузни станови во Кулата Трамп во Њујорк голем број компании имаат свои седишта.

Првата дама на САД, Меланија и најмладиот син на Трамп, Барон, живееја во Кулата Трамп првите неколку месеци од претседателскиот мандат, се додека не се преселија во Белата куќа.

Во Кулата  се наоѓаше и изборниот штаб на Трамп за време на претседателските избори.

Во Кулата Трамп станови или цели катови имаат и познатите ѕвезди, како Брус Вилис, бизнисменот Хуан Бекман Видал, сопственик на текилата „Хосе Куерво“, но и саудискиот принц Мутаиб бин Авудлазиз Ал Сауд.