сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Утре кажете ги овие зборови и светецот ќе ви го промени животот, а со овие обичаи откријте ја својата иднина!

Утре кажете ги овие зборови и светецот ќе ви го промени животот, а со овие обичаи откријте ја својата иднина!

Според календарот на МПЦ утре се празнува Свети Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т.н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја.

Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи. Ѕидањето на Соломоновиот храм го охрабрило еврејскиот народ и му дало поттик за ослободување од ро пството.

Според преданието празникот на Агеј е добар ден за гатање и прорекување на судбината – било со читање од дланка, гледање во грав, кафе или карти.

Исто така се верува дека помошта ќе им дојде на сите кои искрено и од душа му се молат на овој свет Пророк: „Пророкот твор Агеј, во спомен на Господа го славиме, затоа те молиме, спаси ги нашите души!“