Аргентинците тотално полудеа од минатата недела откако „гаучосите“ по 36 години ја освоја светската титула предводени од Лионел Меси, па се преврте земјата наопаку, десет дена по освојувањето на круната сè уште се слави, ама во мода се посебно петициите.
Една скоро милион евра ја потпишаа Аргентинците за Франција да престане да плаче, откако Французите почнаа со таква за преигрување на финалето, ама оваа најновата е нешто невидено и неверојатно. Преку 20.000 Аргентинци се потпишале досега на петиција, младата ѕвезда Хулијан Алварез, кој даде четири гола на СП, да ѝ раскине на својата девојка.
View this post on Instagram
Емилија Фереро е веќе подолг период девојка на ѕвездата на Манчестер сити, кој летоска дојде за 22 милиони евра од Ривер плејт, ама таа е сега мета на аргентинските навивачи, зашто направила таква неопростлива грешка преку која не може да поминат.
View this post on Instagram
Откако Алварез стана еден од хероите, нема некој што не сака да се слика со него, посебно децата кој во него и останатите „гаучоси“ што ги предводи Меси им се идоли. Ама Фереро направила грешка што не им дозволила на десетина деца да добијат автограм од Хулијан, а ни посебно да се сликаат, туку само една заедничка фотографија.
Re mala onda Emilia Ferrero, solo eran unos nenes.
Julián Álvarez salí de ahí date cuenta.pic.twitter.com/GnboQDnzre— Nano ⭐⭐⭐ (@NanoNahue) December 25, 2022
Навивачите ова не може да ѝ го простат на Емилија, па затоа и јавно бараат Хулијан да ја остави, откако го виделе видеото што се појавила како лошо се однесува кон децата кои само сакаа неколку минути со својот идол.