сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода дел од Маџир Маало

Без вода дел од Маџир Маало

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците во населбата Маџир Маало во Општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од скопското ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект ф-2“ на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ број 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектот.