сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Херона ги одбра најдобрите за СП кои ќе настапат за Србија

Херона ги одбра најдобрите за СП кои ќе настапат за Србија

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона го објави конечниот список на играчи за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

На списокот се екс членовите на Вардар, Металург и Охрид: Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Стефан Додиќ и Предраг Вејин.

Србија е во група со Катар, Германија и Алжир, а доколку Македонија обезбеди место во следната фаза, ќе вкрсти со најдобрите три од оваа група.

Голмани: Владимир Цупара, Дејан Милосављев и Милан Бомаштар

Крила: Вања Илиќ, Немања Илиќ, Богдан Радивојевиќ и Вукашин Воркапиќ

Бекови: Илија Абутовиќ, Петар Ѓорѓиќ, Урош Борзаш, Марко Милосављевиќ, Лазар Кукиќ, Стефан Додиќ, Милош Обровиќ, Предраг Вејин и Јовица Николиќ.

Пикери: Драган Пешмалбек, Иван Поповиќ и Мијајло Марсениќ.