недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украинците новата година ја чекаат без струја

Украинците новата година ја чекаат без струја

Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени, соопшти денеска градоначалникот на тој град Виталиј Кличко.

Тој изјави дека возовите не сообраќаат на црвената линија на киевското метро, ​​од станицата Академгородок до станицата Арсеналнаја, бидејќи се уште не е проверено дали на таа линија има остатоци од проектили.

Претходно денеска на Телеграм напиша дека во руските ракетни напади врз Киев загинало едно лице, а 11 се повредени и дека најмалку три жени се пренесени во болница, а меѓу повредените има и јапонска новинарка.

Кличко додаде дека цел на руските сили биле и областите Печерски и Холосивски, односно централниот и западниот дел на градот, објави Гардијан. (МИА)