Арсен Венгер го следеше во живот последниот натпревар на Арсенал на домашен терен, кој воедно беше претпоследен во 2022-ра година која „топчиите“ ја завршија на успешен начин.
Тимот на Микел Артета го израдува Французинот кој беше во ВИП ложата и кој уживаше во триумфот над Вест Хем од 3:1, но Арсенал победи и во последниот ден од годината, на гостувањето кај Брајтон со 2:4.Французинот првпат даде изјава по кам-бекот кој го имаше на „Емирејтс“, но излезе и со мислење и за шампионските амбиции на неговиот омилен тим.
– Враќањето на „Емирејтс“ беше фантастично, но не сакам да бидам во фокусот и да зборувам премногу за тоа. Ќе се посветам на нешто поважно, мислам дека ги имаме сите потребни ресурси за да станеме шампиони, на тактички и психолошки план. Овие момци можат да одат до самиот крај. Како што самите гледате, овој Арсенал создава многу шанси, јас не гледам никакви слабости во нивната игра, – вели Венгер за „ТВ2“.