Искусниот голман од Босна и Херцеговина и еден од најдобрите во светот години наназад, Бенџамин Буриќ ги реши сите прашања за својата иднина и практично до крајот на кариерата ќе остане на северот на Германија.
Имено, Буриќ потпиша нов договор до 2028 година со Флензбург. Буриќ пристигна во овој клуб од Вецлар во 2018 година и веднаш ги освои навивачите. Со него дојдоа и трофеите, од кои највредниот е шампионската титула во најдобрата лига на светот.