сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фон дер Лајен вети поддршка на Украина од ЕУ во „херојската борба“

Фон дер Лајен вети поддршка на Украина од ЕУ во „херојската борба“
epa10017833 European Commission President Ursula von der Leyen gives a press conference on the Commission's opinions on the EU membership applications by Ukraine, Moldova and Georgia in Brussels, Belgium, 17 June 2022. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади.

-Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша таа на Твитер.

-Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борба за слобода и против бруталната агресија, нагласи Фон дер Лајен.

Како што пренесе ДПА, та информира дека ЕУ обезбедува генератори, светилки, засолништа и училишни автобуси оваа зима и наскоро ќе започне да го исплаќа својот пакет за поддршка од 18 милијарди евра во месечни транши.

Фон дер Лајен, исто така, навести дека можеби наскоро повторно ќе отпатува во Украина.

-Со нетрпение очекувам да се сретнам повторно со Вас наскоро во Украина, изјави таа. (МИА)