четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата удри по дилерите на дрога: МВР на неколку локации пронајде дрога

Полицијата удри по дилерите на дрога: МВР на неколку локации пронајде дрога

На 06.01.2023 во 00.40 часот на ул.„Михаил и Ефтихиј“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 02.15 часот на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(22) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2023 во 23.45 часот на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2023 во 22.45 часот на ул.„Стево Црвенковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(37) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2023 во 20.20 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода П.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена таблета. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2023 во 10.00 часот на улица „Караорман“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.А.(33) од Битола, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.