понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз се повлече од настап на Австралија Опен

Алкараз се повлече од настап на Австралија Опен

Светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз ќе го пропушти првиот сезонски грен слем турнир Австралија опен поради повреда. Шпанецот се повлече од настапот во Мелбурн поради тоа што не успеа да се рехабилитира од повредата на задниот бутен мускул. Тој нема одиграно комптетивен тениски меч уште од 4.ноември, кога заработи абдоминална повреда на мастерсот во Париз.

„Работев многу напорно за да го гостигнам моето најдобро ниво за Австралија, но за жал нема да бидам во можност да играм. Тешко е, но морам да бидам оптимист, да се рехабилитирам и да гледам напред. Австралија опен ќе се видиме во 2024 година“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Откако се скачи на првото место на АТП ранкингот и ја заврши 2022 година како најдобар светски тенисер, младиот Шпанец пропушта два големи турнири, завршниот мастерс од минатата година и првиот грен слем во 2023 година.