Атлетико Мадрид сака да го продаде аргентинскиот играч за врска Родриго де Пол, пренесува „Марка“.
Еден од хероите на Аргентина на Светското првенство во Катар не пристигна во клубот во добра состојба. Официјално, тој се повреди, но се чини дека само што стигнале последиците од повеќедневното славје на титулата светски првак.
Де Пол, чиј тренер е неговиот сонародник Диего Симеоне, за клубот не играше на нивото на кое настапи за националниот тим во Катар. Тој беше отворено критикуван од навивачите на Атлетико Мадрид, кои го исвиркуваа од трибините кога излезе со златниот медал.
За 28-годишниот Аргентинец наводно се заинтересирани Јувентус и Милан. Атлетико го донесе пред година и пол за 35 милиони евра од Удинезе.