петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор

Денеска (09.01.2022) во 01:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија.

За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“.

Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.