сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело

Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело

Денеска (09.01.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје. Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на ул.„Жегљане“ извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма.

Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с.Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.