недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Роберто Мартинез е нов селектор на Португалија

ОФИЦИЈАЛНО: Роберто Мартинез е нов селектор на Португалија

Како што се најавуваше, Роберто Мартинез е нов селектор на репрезентацијата на Португалија. „Селесао“ го промовира Шпанецот за наследник на Фернандо Сантош, откако и самиот Мартинез го напушти кормилото на Белгија по неуспехот на Мундијалот.

Мартинез бргу пронајде нова работа, па ќе ја води селекцијата на Португалија. Оваа информација ја потврди федерацијата на земјата, а и новиот селектор се обрати на нацијата.

„Почестен сум што ќе водам репрезентација од овој ранг, една од најталентираните на ссветот. Ќе разговарам со сите играчи кои беа во Катар, а така и со Роналдо. Тој зазлужува такво нешто, јас го почитувам многу“, кажа Мартинез.