среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Митревски: Тактички и физички сме подготвени, нема да потцениме никого, но нема ни да прецениме никого

Митревски: Тактички и физички сме подготвени, нема да потцениме никого, но нема ни да прецениме никого

Почнавме доста рано, 21-22 декември, мислам дека момците одработија одлични припреми за престојното светско првенство на кое како што кажа селекторот доста тешко, но заслужено изборивме пласман, дури ги победивме двете најголеми и најтешки селекции кои што во тој бараж, рече на денешната прес конференција голманот на македонската ракометна селекција Никола Митревски.

-Дојде време сега да се подготвуваме сега за Норвешка, Холандија и Аргентина. Никого нема да прецениме, никого нема да подцениме, мислам дека имаме самодоверба, знаеме што сакаме. Тактички сме добро подготвени, физички исто така и желбата кај сите 20 кои што сме тука е на највисоко ниво да се преставиме во подобро светло, да се носиме со големите репрезентации и да го дадеме последниот атом на секоја утакмица и да победиме, истакна Митревски.