петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Митревски го предводи идеалниот тим на колото во ЛШ

Никола Митревски го предводи идеалниот тим на колото во ЛШ

Македонскиот репрезентативец и член на Порто, Никола Митревски доби место во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

Митревски имаше извонреден настап против ГОГ, дуел во кој одигра клучна улога Порто да направи голем пресврт и да слави со 32:31.

Ветеранот имаше 13 интервенции или 56,52 проценти на успешност на одбранети удари што повеќе од доволно за ЕХФ да му оддаде признание и го прогласи за најдобар голман за шестата рунда.

Во најдобрата седумка се уште Матијас Муше од Магдебург, Сандер Сагосен од Колштад, Елијас Елефсен од Кил, Мадс Хоксер од Алборг, Себастијан Карлсон од Монпелје и Лудовик Фабрегас од редовите на Веспрем.