вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Митревски со капитенска порака: Некогаш победуваш, некогаш учиш, но секогаш…(ФОТО)

Митревски со капитенска порака: Некогаш победуваш, некогаш учиш, но секогаш…(ФОТО)

Македонија го заврши настапот на 28. Светско првенство и тоа со пласман на 27. место на шампионатот на кој домаќини се Шведска и Полска.

Избраниците на Кирил Лазаров забележаа три победи и четири порази на турнирот што секако не може да ги задоволи нашите амбиции, меѓутоа овој резултат треба да биде мотив за поголема работа, напредок, ангажираност на сите луѓе кои се инволвирани во ракометот со се цел во блиска иднина да бидеме поконкуретни и тоа со оние најдобрите во Европа.

И во нашиот табор им е јасно дека мора некои работи да се променат, поправат, па Никола Митревски како еден од лидерите се огласи со кратка, ама јасна порака.

-Некогаш победувш, некогаш учиш, но секогаш гледај напред, -напиша Никола при што имаше објавено заедничка фотографија на македонската селекција.