понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Дејан Милосављев ќе биде спремен за настап на СП

Дејан Милосављев ќе биде спремен за настап на СП

Голманот на српската репрезентација Дејан Милосављев ќе биде подготвен за претстојното Светско првенство, покажаа тестовите во Берлин.Голманот на германскиот Фуксе Берлин успешно заздрави и ќе му биде на располагање на селекторот Тони Џерона.

„Лекарскиот тим на машката сениорска репрезентација изминативе дваесет и два дена интензивно работи на закрепнувањето на Милосављев, со што драстично е подобрена неговата состојба во однос на првичната ситуација со повредата. Дејан Милосављев со нетрпение го чека неговото враќање во националниот тим и учеството на Светско првенство“, се вели во соопштението на Рaкометниот сојуз на Србија.

Светското првенство започнува в среда, но Србија својот натпревар од групата Е го игра против Алжир во петок, а потоа следуваат дуелите со Германија (недела, 15 јануари) и Катар (вторник, 17 јануари).