вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ЦЕЛО ТЕЛО МЕ БОЛИ, ИМАМ МОДРИЦИ“: Актерката откри детали за сцените со Кијану Ривс! (ФОТО)

„ЦЕЛО ТЕЛО МЕ БОЛИ, ИМАМ МОДРИЦИ“: Актерката откри детали за сцените со Кијану Ривс! (ФОТО)

Во текот на годината во кино салите ќе се прикажува филмот „Балерина“. Во филмот глумат Ана де Армас и Кијану Ривс. Актерката неодамна зборуваше за нејзините напори да го направи филмот заедно со ѕвездата Кијану Ривс.

-Бевме во Прага на снимање четири месеци, открила актерката додека гостувала во емисијата кај Џими Фелан.

Бидејќи снимањето вклучува малку понапорни сцени, актерката се пожали дека целото тело ја боли.

-Имаме уште еден месец. И боли. Знаеш, цело тело, грб, се боли. Се жалам, ме боли, цела сум во модринки. Улогата во филмот за Џејмс Бонд [No Time to Die] имаше тешка сцена која траеше само 15 минути. Впрочем, ова е цел филм, друго ниво. Пред некој ден, Кијану и јас ја вежбавме нашата многу тешка каскадерска сцена, а овој човек само се тркала и ме фрла и прави луди акробации. И јас сум како – не можам повеќе да се жалам. Затоа што тој го прави тоа! Тој навистина е најдобар, открила актерката.

„Балерина“ ќе се држи до темата за одмазда што ја обележува приказната на сега полноправна балерина/атентатор во потрага по луѓето кои го убиле нејзиното семејство. За режијата е задолжен Лен Вајсман, а сценариото го напиша Шеј Хатон. Оваа улога нема да биде нова за актерката со оглед на нејзините повеќекратни импресивни улоги во други филмови кои имаат акциони теми, како што се „Grey Man“ и „Bond Franchise – No Time to Die“.

Најнови вести