Вчера во Секторот за внатрешни работи Битола, 48- годишна жена пријавила дека на улица „Јоаким Крчовски” во неговиот дом бил пронајден починат нејзиниот 45- годишен брат.
Од страна на екипата на Итна помош констатирана била смрт. Увидна екипа од СВР-Битола извршила увид.
По наредба на Јавно обвителство телото на починатиот било дадено за обдукција, соопшти битолската полиција.