среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата.

Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, пренесоа руски медиуми.

Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.

Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај.

– Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите, рече Гегузинскас.

Според него, специјални служби работат на лице место, а сообраќајот е привремено во прекин.