четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Норвешкиот селектор: Имавме проблеми со „седум на шест“

Норвешкиот селектор: Имавме проблеми со „седум на шест“

Селекторот на норвешкиот национален тим, Јонас Виле, не отстапи од стратегијата и филозофијата на неговиот претходник Берге и пак со допадлив и брз ракомет ги добива противниците.

„Многу сме задоволни, игравме добро во сите фази. Можеби имавме малку проблеми против играта „седум на шест“, но го исконтролиравме натпреварот. Наша цел беше да го сопреме нивниот контра напад и мислам дека усшеавме во тоа. Честитки и за моите ракометари, но и за македонските кои покажаа одличен квалитет“, рече Виле.