недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Немања Видиќ кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Србија

Немања Видиќ кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Србија

Прославениот српски дефанзивец Немања Видиќ влегува во трска за претседателското место во Фудбалската федерација на Србија (ФСС), јави телевизијата Спортклуб.

Поранешниот српски репрезентативец и капитен на Манчестер јунајтед во октомври лани изрази желба да застане на чело на ФСС, а вчерашната посета на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин на Белград, се толкува како еден од чекорите за реализација на идејата за кандидатура на Видиќ.

Според Спортклуб, Видиќ има поддршка од Чеферин, како и од неговиот заменик Зоран Лаковиќ.

Најавата за претседателската кандидатура на Видиќ ја поздрави и српскиот селектор Драган Стојковиќ, посакувајќи му успех со порака преку социјалните мрежи: „Со среќа легендо“.

Изборите за претседател на ФСС треба да се одржат пред март оваа година.  (МИА)