Музичарот Џон Леџенд и поранешната манекенка Криси Тајген добија трето дете, а пејачот ја соопштил среќната вест на својот концерт.
„Каков благословен ден“, изјавил воодушевениот пејач и додал дека се чувствува полн со енергија и среќа, по непроспиените ноќи покрај Криси која последните денови од бременоста ги поминала во болница.
View this post on Instagram
Леџенд и Тајген веќе се родители на две деца – Мајлс (4) и Луна (6), а радосната вест за третото дете доаѓа откако манекенката го загуби синот во 2020 година во 20-та недела од бременоста.
Парот тогаш се најде на мета на бројни критики, а најмногу ѝ замеруваа на Криси поради споделувањето фотографии со својот починат син. Џон и Криси јавно зборуваа за својата трагична загуба и тешкиот период во животот во кој поранешната манекенка некое време му се препушти на алкохолот.
View this post on Instagram