четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Рогановиќ: Вујовиќ, фала ти, од тебе научив сè во ракометот!

Рогановиќ: Вујовиќ, фала ти, од тебе научив сè во ракометот!

Црногорската битка на клупите заврши со среќен крај за помладиот стратег. Зоран Рогановиќ го надмудри Веселин Вујовиќ и со својата Црна Гора извојува тесна победа над Иран.

Средбата во Краков беше емотивна за двата стратези – Вујо „играше“ против својата селекција, додека Рогановиќ против својот идол.

„Сакам да му се заблагодарам на Вујовиќ. Сè што научив во ракометот, научив од него и тоа не можам да му го заборавам. Сигурен сум дека ќе продолжи да прави чуда како на стартот на ова Светско првенство. Посебна благодарност до моите ракометари за оваа прва историска победа на Светските првенства“, рече Рогановиќ на прес-конференцијата.

Во последното коло Иран ќе се сретне со фаворитот Шпанија, додека Црна Гора ја чека средба со Чиле.