понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Њукасл постави клупски рекорд по серија без пораз во Премиер лигата

Њукасл постави клупски рекорд по серија без пораз во Премиер лигата

Тимот на Њукасл ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата која трае 14 натпревари. Избраниците на Еди Хау попладнево го совладаа Фулам (1:0) во натпревар од 20. коло на Англиското фудбалско првенство.

Четиринаесеттиот последователен натпревар без пораз во првенството е повторување на рекордот на Њукасл во Премиер лигата.

Ваквата серија е и моментално најдобрата серија меѓу сите екипи кои играат во топ 5 лигите во Европа.

Последен пат Њукасл загуби во Премиер лигата на 31 август од Ливерпул (1:2). Оттогаш имаат 9 победи и 5 нерешени.  (МИА)