четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија во вторник ќе се соочи со Аргентина: Што ќе значи победа, а што пораз на овој натпревар?

Македонија во вторник ќе се соочи со Аргентина: Што ќе значи победа, а што пораз на овој натпревар?

Два одиграни натпревари и два порази за македонските ракометари на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска.

Вечерва бевме поразени од Холандија, а претходно и од Норвешка.

Следниот натпревар на македонската ракометна репрезентација е против селекцијата на Аргентина, во вторник од 18 часот.

Со победа на овој натпревар, Македонија ќе влезе во најдобрите 24, односно ќе игра во главниот натпреварувачки сегмент.

Со пораз, ќе разигруваме за пласман од 25-то до 32-то место.