понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 77 возачи на територија на СВР Тетово

Казнети 77 возачи на територија на СВР Тетово

Денеска (15.01.2023) во периодот од 11:00 до 16:00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола на поширокото тетовско подрачје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 77 возачи, од кои 33 за возење повеќе од дозволената брзина надвор од населено место. Од нив 17 за возење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири за возење со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.