четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најбогатиот човек во Британија ќе го купи Манчестер Јунајтед

Најбогатиот човек во Британија ќе го купи Манчестер Јунајтед

Семејството Глејзер на средина на месец ноевмри соопшти дека го става Манчестер Јунајтед на продажба и ќе ги чека првите понуди за нови инвестиции во клубот, а оваа вечер пристигна „бомбатична“ вест од Островот околу оваа вест.

Медиумите од Англија информирата дека најбогатиот човек во Британија и официјално влегол во трката за купување на фудбалскиот великан од „Олд Трафорд“ и сега е главен фаворит за преземање на големиот спортски бренд.

Сер Џим Ретклиф преку својата компанија „ИНЕОС“ и официјално влегол во наддавањето за купување на Манчестер Јунајтед и негова примарна цел во моментов била да седне на маса со Глејзерови.

Актуелните газди на Јунајтед ценат дека клубот вреди 5 милијарди евра, сума која сепак ќе може и да се испреговара во постапката која сигурно нема да биде едноставна.