четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се спремаат радикални промени во фудбалот

Се спремаат радикални промени во фудбалот

Teлото задолжено за промена на правилата на фудбалската игра (ИФАБ), размислува за радикални промени кога е во прашање времетраењето на еден натпревар.

Многумина се жалат дека фудбалот има огромни проблеми со губењето на активното време за игра, а британски „ТАЈМС“ наведува дека на маса има три предлози.

Првата е драстично да се зголеми времето за судиско надополнување, како што беше случајот на Светското првенство во Катар. Втората е да се подобрат сегашните правила, а третата е да се стопира времето додека топката не биде во игра.

„Не велам дека секогаш треба да се запира времето, но тоа треба да биде за голови, замени, пенали, повреди и ВАР“, изјави Дин, амбасадор на Премиер лигата.

Третиот е најреволуционерен и е поддржан од повеќето фудбалски работници.