сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФИА нема замена за откажаното кинеско Гран-при

ФИА нема замена за откажаното кинеско Гран-при

Формула 1 пред некој ден го објави календарот на сите трки за 2023 година и потврди дека кинеското Гран-при нема да се одржи ниту оваа година и дека нема да биде заменето со друга трка.

„Формула 1 може да потврди дека во календарот за 2023 година ќе има 23 трки. Сите датуми остануваат непроменети“, објави Формула 1 на официјалната веб-страница.

Големата награда на Кина не е дел од календарот од 2019 година, кога беше отстранета поради епидемијата на ковид-19. Првичните информации говореа дека има шанси трката сепак да се одржи годинава, но организаторите во Кина најавија дека имаат логистички проблеми.