Норвешка ја запиша четвртата победа на пет натпревар на полската половина од Светското првенство и блиску е до математичка потврда на пласман во четвртфиналето. Попладнево во Катовице, го совладаа Катар со 30-17.
Кај Норвешка се истакнаа Јоханесон и Бјорнсен со по шест и Бартолд со четири погодоци, а во катарскиот табор Тарек Абдала постигна пет гола.
Хрватска очекувано ја совлада Белгија со 34-26 и остана во трка за олимписките квалификации. Лошо одиграниот прв натпревар против африканскиот шампион Египет, скапо ги чини „каубоите“, оа многу веројатно ќе завршат на третото место во групата и ќе разигруваат за пласман од 9-15 место.
Најефикасни во хрватскиот табор беа Мартиновиќ и Главаш со по пет гола, а кај Белгија со четири гола постигнаа Керими, Котерс и Робинс.