Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, истакнува дека грешките на неговиот тим влијаеле на конечниот исход и поразот од Арсенал.
– Голем натпревар. Полно темпо и публиката е голем победник. Се сретнаа два врвни тима, но ние сме разочарани. Како инаку кога ќе изгубите ваков натпревар во доцните фази. На сите голови што ги примивме им претходеа грешки и тоа не смее да се случи. Не можеме да победиме така. Можевме да ги избегнеме сите три гола. Од таа страна ова не беше доволно добро – изјави Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед сега е изедначен на третото место со Њукасл и заостанува шест бода зад градскиот ривал Сити и 11 зад водечкиот Арсенал со натпревар повеќе.