недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски се одржува на апарати, секој ден притискаат пратеници кои се против неговата деструкција

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски се одржува на апарати, секој ден притискаат пратеници кои се против неговата деструкција

Ковачевски се одржува на апарати, секој ден притискаат пратеници кои се против неговата деструкција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на Ковачевски секој ден се повеќе наликува на влада на Албанија и Бугарија, а не само на Македонија, нема барање кое не го исполнуваат, и затоа и се повеќе пратеници од власта се за предвремени избори.

Ковачевски гледа дека нема поддршка ниту во сопствената партија, па затоа се служи со притисоци врз неговите сопартијци. Ликови од подземјето вршат притисоци со цел владата на Ковачевски да опстане ден повеќе.

Ковачевски треба да знае дека неговите денови се одброени, ден повеќе или помалку нема да му промени многу. Од друга страна криминалците кои заплашуваат пратеници треба да знаат дека одговорност за секој криминал ќе има, реагираат од партијата.

Најнови вести