сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Првпат во историјата покажан бел картон на фудбалски натпревар

Првпат во историјата покажан бел картон на фудбалски натпревар

За прв пат во историјата на фудбалски натпревар беше покажан бел картон, а оваа необична ситуација беше видена во Португалија.

Од 1970 година и Светското првенство, навивачите се навикнаа на судијата да носи жолти и црвени картони во џебот за време на натпреварот, па на тој начин ги санкционира поради кршење на правилата.

Но, сега во Португалија експериментално е воведен картон од друга боја – бела.

Бел картон за прв пат беше покажан на натпреварот од португалската женска лига меѓу лисабонски Бенфика и Спортинг.

И додека жолти и црвени картони се покажуваат за неспортско однесување, бел картон се покажува како награда за фер-плеј.

Бенфика водеше со 3:0 во последната минута од првото полувреме, кога една од фудбалерките колабираше на теренот.

Лекарите од двата тима веднаш притрчаа на терен да ѝ помогнат. Откако девојката стана, судијата на натпреварот им покажа бел картон на клупите на двете екипи и на тој начин ги награди за фер-плеј, а сите гледачи на стадионот Луж почнаа да аплаудираат.

Останува да видиме дали практиката на покажување бел картон ќе фати корен на терените низ Европа и светот.