четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Танкоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Танкоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Повремениот македонски репрезентативец, Марио Танкоски ја продолжи соработката со нашиот вицешампион Еурофарм Пелистер.

Танкоски од 2020 година е член на „фармецевтите“, клуб во кој дојде од Металург, а според новиот договор требе да остане во Битола најмалку до јуни 2025 година.

-Довербата од стручниот штаб и тренерот е на високо ниво и тоа е многу важно за мене. Во ова продолжување на договорот улога исто играше желбата на тренерот да останам тука. Нема подобро нешто од доверба од стручниот штаб, имам слобода, самодоверба и тоа за мене е од големо значење, -порача организаторот на играта на „зелено-белите