четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Србите бараат одговорност од Џерона

Србите бараат одговорност од Џерона
Norway vs Serbia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 19.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Ракометната репрезентација на Србија на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска заврши на 11. позиција и не успеа да ги исполни зацртаните цели, па дел од српските медиуми побараа одговорност од Ракометниот сојуз на Србија, ракометарите, како и од селекторот Тони Џерона.

Србија настапот на Мундијалот го заврши со четири победи, од кои две беа во групната фаза, против Катар и Алжир, додека во главната фаза беше подобра од Аргентина и Холандија.

„Тони Херона како тренер навистина донесе нешто ново, но како странец повеќе го толерираат отколку домашните тренери. Факт е дека има напредок во однос на квалификациите за големите натпреварувања, но јасно е и дека Шпанецот работи со најдобрата генерација која Србија ја имала во последните десет години. Да бидеме искрени и фер, оваа репрезентација предводена од шпанскиот селектор ја создаде Ненад Перуничиќ! И тоа треба да се каже јасно и гласно. Сега имаше шанса за голем напор и барем една победа над Германија или Норвешка, која би ни гарантирала четвртфинале на Мундијалот. Сепак, останавме на истото, онаму каде што бевме во изминатите години, односно една деценија. Факт е дека оваа репрезентација има потенцијал, но го имаше и во претходните сезони, тоа никој не може да го оспори”, стои во колумната на Александар Радончиќ за ,,Курир”.