четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Денес започнува нокаут-фазата на СП , но и за пласман на ЛОИ 2024

Денес започнува нокаут-фазата на СП , но и за пласман на ЛОИ 2024

Светското првенство (СП) во ракомет за мажи во Полска и во Шведска влегува во завршницата каде од денес стартуваат четврфиналните натпревари, а в недела во шведскиот град Малме ќе биде познат и новиот светски првак.

Денес во четвртфиналето Франција ќе игра со Германија, Шпанија со Норвешка , Шведска и Египет,  додека Данска за противник ќе ја има  Унгарија.

Репрезентациите играат за медалите, но и за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2024 година во Париз, и тоа шампионот ќе игра директно на ЛОИ, а повеќето од другите четвртфиналисти ќе настапат во квалификациите за пласман на Игрите. Првакот ќе обезбеди и место на следниот планетарен шампионат, во 2025 година, што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка.

Нашите ракометари денес го играат и последниот меч на Мундијалот, а противник ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореа.Мечот стартува од 18 часот.