Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида е едена од најголемите ѕвезди на ова Светско првенство кое се одржа во Русија.
Освен на теренот Вида ги воодушеви сите и надвор од него, па така на прославата во Загреб и Задар беше највесел од сите и ги освои симпатиите на навивачите.
Но, не поминаа ниту неколку дена, а фудбалерот кој се прослави по скандалот на СП, овој пат повторно ги воодушеви сите.
Вида заедно со својата сопруга и син завршил во свињарник каде ги хранелесвињите со пченка.
Фотографиите предизвикале вистинска бура од реакции и мајтапење со репрезентативецот.
-Секоја чест тоа е тој славонски дух. Чесен, едноставен, со големо срце и карактер. Браво легендо, стои во еден од коментарите.
-Прав Славонец, човекот кој обединува, а не раздвојува, стои во друг коментар.